495
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е задоволен од потпишувањето на договорот со кој партиите решија да излезат на избори на 11 декември.
-Направивме многу чекори за да ги доведеме во ситуација да не можат да ги одложат изборите, да нема каде да бегаат и да мора да се соочат со народот. Успеавме СДСМ да го доведеме во ситуација веќе да не може да ги избегнува изборите и граѓаните да излезат и да си го кажат својот збор – порача Груевски на излегување од Клубот на пратеници.
Тој додаде дека на потписот од СДСМ гледал со резерва, бидејќи како што рече, таа партија никогаш не се знаело што можи во меѓувреме да направи.