Да не се лажеме, нема грам искреност во она што Груевски го говореше на Илинден. Неговите убаво нашминкани зборови за Македонија се празна реторика. 10 години овој човек беше (и е) на власт во Македонија и низ тие години својот народ го држи во заложништво, протера стотици илјади млади од државата, гонеше и затвараше неистомисленици, прислушкуваше илјадници граѓани, затвараше и рушеше, купуваше и присвојуваше се што му стоеше на пат и замисла.
Пази молим те, тој се дрзнал да збори, го цитирам „Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот е нашата финална цел“.. па не треба многу да размислиш за да сфатиш дека и после 10 години ништо од ова не е реализирано и го нема во Македонија. И се додека тој добива место да говори јавно на вакви битни настани за Македонија, Македонија ниту ќе победува, ниту ќе биде слободна, ниту ќе доживее напредок и развој, а најмалку успех во својата иднина. Доста беше од него, за доброто на сите, за доброто на нашиот народ, а и за доброто на неговата партија.
А да, не дека ќе заборавев, ама да си кажам и јас како човекот што го избркаа.. Парите да ги вратите!! ПАРИТЕ!!!