ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува ранливите групи на граѓани за политички поени

by fokus

Од владејачката партија ги отфрлаат обвинувањата на СДСМ дека социјалните станови се делат според партиска книшка. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова било само обид на опозицијата на грбот на ранливите групи на граѓани да добива политички поени.

-Граѓаните паметат дека Фросина Ременски во функција на технички назначен министер за труд и социјална политика до последен момент го блокираше доделувањето на социјални станови за вкупно 76 лица. Со заминувањето на Ременски заминаа и проблемите на овие граѓани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради станови и се бори за решавање на проблемите на граѓаните, СДСМ им создава проблеми и прави се за да им го отежне животот. Тоа е разликата поради која граѓаните не дозволуваат СДСМ да се доближи до власта 9 изборни циклуси по ред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости