601
По постојаните жалби дека речиси секој ден е на обвинителна клупа, во Кривичниот суд, екс премиерот Никола Груевски конечно ќе може да здивне, бидејќи до крајот на месецот нема закажани судења за предметите кои против него ги води СЈО.
Сепак Груевски еднаш неделно ќе треба да наврати во судот, бидејќи ја има обврската да се пријави.
Според распоредот на СЈО, во понеделник треба да се оддржи рочиште за „Спот“, во вторник „Траекторија“ и „Триста“, во четврток треба да има судење за „Тарифа“, а во петок за „Триста“ и „Тортура“. Тогаш се очекува на обвинителна клупа да седне и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој е еден од обвинетите за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски.