477
Екс премиерот Никола Груевски дури во среда треба да се појави во Кривичниот суд, за кога е закажано рочиште за случајот “Титаник”.
Медиумите водејќи се од распоредот на СЈО објавија дека рочиштето е закажано за утре, но на претходното рочиште беше договорено расправата да продолжи на 14 ноември.
Ова значи дека доколку Груевски до среда сам не отиде во истражниот затвор “Скопје” или до тогаш судскиот доставувач не успее да го најде за да му го достави решението, тогаш истото ќе му биде врачено во среда, доколку се појави во судот.
Груевски во затвор требаше да се појави во петокот, но во неколку наврати судскиот доставувач не успеа да го пронајде.
В.В.