Без вода утре Аеродром и Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

by fokus 14:36
14:36

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин на водоснабдувањето.

„На ден 12.11.2018 (Понеделник), поради реконструкција на водоводна мрежа ф-400мм т.е.преспојување од стара на нова водоводна мрежа на потегот Бул.Србија до кружниот тек на Цементарница, прекинато водоснабдување ќе имаат населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. од 09:00 часот до завршување“, соопштија од таму.

- Advertisements -

Поврзани новости