Стоилковски: Случајот со Груевски во иднина ќе се изучува на правните институти

by fokus

Случајот со актуелниот пратеник Никола Груевски, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македонија е чист класичен пример за политички мотивиран судски процес, кој во иднина верувам ќе се изучува на правните институти. Тоа е најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското Кацарска судството со единствена цел: задоволување на единствениот аболициран и помилуван криминалец поставен за премиер во Европа Зоран Заев, ова денеска на пре-сконференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Кацарска судството, како што рече, во Македонија работи под целосен диктат на Зоран Заев.

-Почитувани во случајот не се пресуди според докази, бидејќи ги нема, не може да има докази затоа што нема криминал. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Фактите се следни: за набавка на автомобилот спроведен е тендер. По изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки. Ниту е остварена противправна имотна корист, ниту е нанесена штета. Ова е политичка хајка за народот, наводно за набавката на блиндираниот автомобил, кој што сега Заев продолжува да го користи – изјави Стоилковски.

Поврзани новости