Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од Законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата, вели Никола Груевски на својот профил на Фејсбук.
„Принципот на коалицирање „победник со победник“ со овој потег на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска. Оваа влада е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учевствуваат, а најактивен е еден амбасадор. Ова е операција во голема мерка подржана од Сорос. Голем дел од финансиите и логистиката се од него. Но освен тој и некои надворешни моќни центри значајна улога играат домашните соработници, тргнувајќи од Зоран Заев па надолу.
Ако народот остане рамнодушен, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ. Преку праќање на мнозинството Македонци во опозиција, сега е моментот кога се тргнува во финалната фаза на овој поход. Потоа првата жртва е јазикот. Но тој е само првата, само почеток.
Да не испадне не сум кажал и не предупредил.
Ако народот не биде доволно активен и доволно упорен Република Македонија нема да е Република Македонија и на неколку рати во неколку фази ќе заврши операцијата. Но ако народот биде активен и упорен и ако не потпадне и не се пасивизира под суптилната медиумска пропаганда, нема никаква можност за успех на операцијата. Таа ќе пропадне и ќе биде поразена“, вели Груевски.