СДСМ: Криминалниот врв на ВМРО – ДПМНЕ лаже дека ќе ги смениме знамето и химната

by fokus

Социјалдемокртскиот сојуз преку соопштение денеска уште еднаш повтори дека се лага пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи, за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици.

Сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу Македонците, Албанците, Србите, Турците, предупредува СДСМ.

„Огромното мнозинство граѓани, над 612.000 Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци застанаа еден до друг заедно во цврстата определба за живот, правда, промени и заедништво во Македонија. Затоа, граѓаните се факторот на стабилност во Македонија. Криминалната власт е „дефакторизирана“, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ тврди дека „разговорите за обезбедувањето на парламентарното мнозинство се поставени исклучиво на Уставот на Македонија“.

„Сите кои се исплашени од промените што одземаат лични привилегии на поединци и носат одговорност за злоделата врз граѓаните, не сакаат граѓаните да живеат во ваква Македонија. Оттаму се сите лажни вести и измислици во медиумите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Поврзани новости