Груевски денес од Апелација ќе бара да му биде вратен пасошот

by fokus

На јавна седница во Апелациониот суд денеска Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бара од судот да му го врати пасошот, којшто му беше одземен како превентивна мерка за предметот „Титаник“, по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Груевски се повикува на веќе воспоставена пракса, односно ќе се повика на примерот кога на премиерот Зоран Заев му беше вратена патната исправа, бидејќи тогаш како лидер на опозицијата побара да му биде вратен за да може да оди на службени патувања.

 

Поврзани новости