Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Ресен, вети зголемување на минималната плата до 14 000 денари. Тој убедува дека неговото ветување е како што кажа, реално и остварливо, а најавите на СДСМ за минимална плата од 16 000 денари рече дека биле лажни.
-Го слушам зборува колку ќе била минималната плата, па дека ќе направел тој некако да има просечна плата од 500 евра. Да погледнеме колку е платата во неговите компании и компаниите на неговото семејство, дали таму е просечната плата 500 евра и дали таму минималната плата е толку колку што им ветува на граѓаните? Далеку е од тоа, на работ на егзистенцијата живеат вработените таму. Земаат најминамална плата најголемиот дел од нив. Ако Заев е искрен во ветувањата, тој на своите вработени ќе им дадеше секој да има најмалку 500 евра плата – рече Груевски.
Од СДСМ денеска ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека ги копираат нивните идеи за повисока минимална плата.