Груевски: Будно го следиме Заев и ќе реагираме ако застрани од ветеното

by Fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на промоција на пречистителна станица во Волково, рече дека граѓаните кои секојдневно протестирале го принудиле Заев да даде гаранција за унитарноста на Македонија.

– Треба да останеме будни, треба да останеме со отворени очи и доколку тргне кон друг пат,различен од оној за кој вчера даде гаранции, ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе реагира, а верувам дека и другите исто така. Одлично беше што мораше да го потпише документот и да го прочита пред сите граѓани за да не дојде до застранување во друг правец – рече Груевски.

Поврзани новости