„Европа и САД да и кажат на Грција дека Македонија ќе влезе во НАТО под привремената референца“

by fokus

Што се однесува на Македонија, Европа и САД треба да ѝ кажат на Грција дека „ФИРОМ“ ќе биде поканета да се приклучи во НАТО, откако повторно ќе го воспостави транспарентното и отчетно демократско владеење, вели американскиот професор Даниел Сервер, во писмените белешки од расправата на тема „Балканот: закани за мирот и стабилноста“ на Поткомитетот за Европа, Азија и за новите закани, на конгресниот Комитет за меѓународни односи, пренесува МКД.

-Мојата трета точка е ова: на Балканот не гледам сериозна алтернатива за политичките и економските реформи што ѝ се потребни на секоја од земјите од регионот за да се квалификува за членство во НАТО и ЕУ. Сите сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ, која за жал нема да биде во можност да почне да ги прима сè до 2020 година. Тоа го прави членството во НАТО важен „морков“ за реформите, освен во Србија. Ние мора да направиме повеќе за да им овозможиме на балканските земји што сакаат да го сторат тоа, да се зачленат во Алијансата, како Црна Гора.
Во Македонија, тоа значи дека Европа и САД треба да ѝ кажат на Грција дека „ФИРОМ“ ќе биде поканета да се приклучи во НАТО, откако повторно ќе го воспостави транспарентното и отчетно демократско владеење, вели Сервер.

Поврзани новости