Груевски: Бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира

by Фокус

Премиерот Никола Груевски во својот говор пред споменикот на Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад се осврна и на дијаспората и нејзиното право на глас на изборите во Македонија.

-Не потценувајте ја дијаспората, најновите притисоци кон нас за да се елиминираат гласовите на дијаспората ќе ја оддалечи оваа структура на луѓе од нас која и помага на Македонија. Барањето да се сведе работата на ниеден или само на еден пратеник од дијаспората ќе упати погрешен сигнал. Ако јас се прашувам, бројот на пратеници од дијаспората треба да се триплира, а не да се намалува, рече Груевски.

Премиерот се спореди себеси и неговиот тим со илинденците, бидејќи и на сегашната Влада и на борците за независна Македонија им се спорел и не им се признавал успехот.

-Успехот може да биде оспорен, но тоа е кратко, тоа е капка во море. Го спорат успехот на илинденците, го спорат и нашиот успех, но тој не може да се скрие-новите фабрики, работни места, перспективи, судските реформи, во здравството, новите можности во образованието, помагањето на пензионерите, градбата на патиштата, аеродромите, тракторите, се за овој народ, рече Груевски.

Поврзани новости