Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност преставува и се нарекува „Диктатура“, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку неговата официјална Фејсбук страна.
„Ниедна демократска влада во светот несмее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото. Тоа во старт претставува диктатура.
Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и Деловникот на Собранието. Се што во иднина би се донело со негово учевство, потпис или било каква активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на Претседател на Собрание.
Многу диктаторски влади биле признати од демократски системи, од една или друга причина. Тоа нема да ја смени сликата. Ниту пак дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт“, вели Груевски.
Интересно е што под неговиот статус објавен на фан страната каде обично може да се прочитаат само пофалби и добри зборови за работата на ВМРО-ДПМНЕ и власта, сега поддржувачите изразуваат незадоволство од однесувањето на лидерот на оваа партија, како и од нивните пратеници.