Средношколците ја бојкотираа наставата во „Орце Николов“

by Фокус

Во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, денеска учениците ја бојкотираа наставата поради игнорантскиот однос од страна на надлежните. Иако, тие организираа два масовни протести, никој не ги прими на средба, а Министерство за образование „се договори“ со неактивната Унија на средношколци.

-Поради тоа што две недели не нè примаат на преговори, ние одлучивме да преземеме радикални мерки. Бојкотот ќе тече сè додека МОН не нè повика на преговори, изјави за НОВА средношколецот Јован Спасеновски, член на Средношколскиот пленум.

Средношколците велат дека тие се во ситуација да молат за средба со министерот за да му ги кажат нивните барања, а тоа се да се смени новиот концепт на државна матура која, според нив, е убрзана реформа, како и да се смени екстерното полагање кое не е квалитетна реформа и не е соодветно имплементирана.

Иако, денеска формално не се одржуваше настава, учениците беа во училиштетото и времето го поминаа во слободни активности. Очекуваат од понеделник и другите училишта да ја бојкотираат наставата.

Поврзани новости