Груби се надева дека ЕУ храбро ќе постапи за прием на Македонија во ЕУ

by fokus

Артан Груби на денешната  седница на тема „Француска перспектива врз иднината на ЕУ“ рече дека се надева дека ЕУ ќе биде храбра во убедување на своите членки за важноста од прием на земјите од Југоисточна Европа.

Според Груби, при предизвикот со Брегзит европските лидери застанаа одлучно и решија да го предводат јавното мнение на своите граѓани, а не да се водат од перцепциите и предрасудите.

-Се надевам дека исто така храбро и одлучно ќе го предводат фактичкото убедување на своите граѓани за важноста на интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ и дека нема да се правдаат со површниот евроскептицизам, базиран врз нерационални стравови. Наша задача во пристапниот процес е да ги исполниме сите услови за придвижување кон почеток на преговорите за членство. За добивање на датум за преговори годинава, мојата земја ги исполни сите услови, преку надминување на политичката криза, формирање на новата влада, оддржување кредибилни и демократски избори, напредокот во остварувањето на итните реформски приоритети, склучување на договорот за добрососедство со Бугарија, заокружувањето на Охридскиот Договор, избор на Јавен обвинител и уставни судии, па преостанува привршување на разговорите за надминување на разликата за името, за што, јас сум оптимист дека мај е месец на големи одлуки, рече Груби во обраќањето.

 

Поврзани новости