Трајко Славески: Ставањето и на монетарната власт под капа на власта може да биде опасно

by fokus

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека опасно би било ако извршната власт ја стави под своја капа и монетарната, односно гувернерот.

-Испаѓа дека ниту еден кандидат за гувернер предложен од Иванов нема да биде прифатен. Небитен е законот, ние сме мнозинство и ние ќе назначиме гувернер. Имајќи предвид каква е консталацијата на институциите и на оваа власт, ставањето под капа и на монетарната власт може да биде опасно. Цел свет и во вакви ситуации протажира поделба на власта, рече Славески.

Поврзани новости