Груби: СДСМ нека избира лидер, но оставката на Заев од премиер треба да почека

by Fokus

ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател, кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември.

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање, кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на внатрепартиските избори за партиски лидер.

„Ние ќе ја почитуваме таа одлука и ќе го прифатиме секако вердиктот на сите нивни членови коишто ќе одлучат кој ќе биде нивниот следен лидер на 12 декември. Во однос на оставката на местото премиер на Владата на Република Северна Македонија сметаме дека за тоа треба да се почека.

Имаме многу битни прашања пред нас во месеците коишто следат и сметаме дека заедно со г. Заев на чело на таа Влада ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси, вклучително и испраќање на позитивен одговор на сите прашања коишто се дел од дијалогот со соседна Бугарија за да се откочи патот кон добивање на датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговори за членството во ЕУ, рече Груби, кој заедно со европратеникот Илхан Ќучук го посетија ОУ „Исмаил Ќемали”.

 

Поврзани новости