Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан, изјави првиот вицепремиер Артан Груби на „Преспа Форум Дијалог“.
-Од избувнувањето на војната во Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Северна Македонија и Србија, стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се раселија. Кога ќе се потсетиме на сето она низ што сме поминале сите во последните три децении и каде сме денес, се прашувам себеси, зошто? Зошто да го идентификувате интересот на вашата нација на штета на друга нација? Национализмот заслепе некои од нас и донесе уништување предизвикувајќи да изгубиме две децении од нашиот живот – рече Груби.
Потребна е поголема смелост, истакнува тој, да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.
-Еднаквоста е услов да се биде рамноправен во едно општество, особено во статусот, правата или можностите, како и во обврските и верноста како лојалност на една индивидуа кон цела нација, кауза, филозофија, земја, група или личност. Колку повеќе граѓаните се чувствуваат еднакви, толку општеството станува покохезивно и поправедно. Колку е повеќе државата верна на своите граѓани и кон сите заедници, толку повеќе граѓаните и заедниците се верни на државата – рече Груби.