Груби му одговори на Ангелов: Ветераните од УЧК се вработени во државната администрација!

by fokus

Луѓето кои беа главни во УЧК, денеска ја водат државата, а поголемиот дел од останатите припадници на УЧК се добро ситуирани, односно се вработени во државната администрција, некои на раководни функции, некои на пониски. Ова е одговорот на Артан Груби од ДУИ на прашањето на Стојанче Ангелов, од коалицијата ВМРО за Македонија, на вечершното гостување во „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Ангелов инсистираше Груби да одговори какви бенифиции добиле ветераните на УЧК, бидејќи како што рече дека, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски негирал дека добиле било какви поволности.

Во текот на дебатата, Груби истакна и дека вкупно 25.000 Албанци биле вработени во државната администрација.

Поврзани новости