Груби ќе ја зголемува динамиката на спроведување на Законот за јазици и ќе ги распореди сите вработени по Рамковен

by fokus

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска истакна дека има задача да служи на сите граѓани, потенцирајќи дека најважната обврска е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и обезбедување потполна рамноправност и кохезија за сите граѓани.

Како вицепремиер, Груби на денешната прес-конференција појасни дека активно ќе придонесе во спроевдувањето на политиките кои ќе ги развијат вредностите на нашето општество и меѓуетничките односи, толеранцијата, неселктивната правда, истите можности и културната комуникација.

Посочи дека и ќе ја зголеми динамиката на Законот за употреба на јазиците, ќе ја комплетира Агенцијата за употреба на јазиците и Инспекторатот за употреба на албанскиот јазик.

-Ќе соработувам со сите колеги за зголемување на квалитетот на образованието и културата како области кои придонесуваат за зближување на граѓаните. Ќе соработуваме и со бизнис секторот за поддршка на меѓуетнички односи вредноста на толеранција и почитување, правична и соодветна застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини за да се искористи целокупното човечки потенцијал, рече Груби.

Како прв заменик на претстедателот на Владата надлежен за коородиниција меѓу политилките ресори, Груби рече дека обврска му е да се грижи за спроведувањето и на Охридскиот рамковен договор, но и за добра и ефикасна кохезија на општеството еднакво за сите.

Во соработка со министерот за информатичко општество и администрација, Груби рече дека во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции.

-Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја. Ќе почнеме да ги мониторираме потребите реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и неселективната правда преку ветинг, рече тој, додавајќи дека не може да постои една правда за едниот, а друга правда за другиот.

Поврзани новости