ВМРО-ДПМНЕ: Раководни структури на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека досегашни раководни структури на партијата Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во 12 часот лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставници на Интегра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по што се најавени изјави за медиумите.

Овој состанок, како што појаснуваат од партијата, е со цел окрупнување на опозицијата.

Поврзани новости