Груби им порача на Србија и Косово да се угледаат на Македонија

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби смета дека Косово треба да се угледа на нашата држава во решавањето на отворените прашања со Србија и за отворање на патот за сопствената европска иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, груби изјави дека треба да се земе за пример начинот на кој Северна Македонија ги реши отворените прашања со Грција и Бугарија, со што си го отвори патот кон Европската унија.

Според македонскиот вицепремиер, единствен прифатлив резултат на преговорите меѓу Приштина и Белград е признавањето на косовската независност од страна на Србија.

– Политичката елита во Косово и политичката елита во Србија треба да го искористат примерот на Северна Макеоднија и Грција и Бугарија во затворањето на билатералните споорови со цел да се отвори патот кон иднината. Нема друго решение за тоа отворено прашање во Југоисточна Европа меѓу Приштина и Белград освен признавањето на независноста на Република Косово од страна на Република Србија. Тоа е конечниот резултат кој ние го поддржуваме и е единтвениот кој го прифаќаме, изјави Груби за Косовапрес.

Запрашан за актуелните состојби во Северна Македонија, Груби вели дека влијанието на Русија во државата е очигледно, што, според него, може да се види од фактот дека има македонски партии, и тоа и во републичкото Собрание, кои отворено ја поддржуваат руската агресија во Украина.

Поврзани новости