397
Владата на денешанта седница го назначи вицепремиерот Артан Груби за координатор за следење на работите околу изградбата на автопатите и на железницата Кичево-Лин. Тој треба да се погрижи за нивна навремена реализација.
„Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација“, соопштија од Владата.