384
По средбата со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби изјави дека дошло време да се затвори Законот за употреба на јазиците.
-Дојде време да се затвори Законот за јазиците, со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот договор бидејќи ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго, рече Груби.
На средбата Груби разговарал со амбасадорот Ромео за актуелните настани, при што истакнал дека во земјата приоритет се ЕУ реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ членство, во претстојниот Годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија, во април.