Груби демантира дека ДУИ и СДСМ постигнале договор за влада

by Фокус

Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше Артан Груби од ДУИ, откако весникот Коха објави дека постигнат е договор за формирање на влада меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, со формула 3+1 – последната година од четиригодишниот мандат премиер да биде Албанец.

„Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани.

Поврзани новости