Груби: Антикорупциска нема ниту еден успех

by Fokus

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување на тв Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.

Ова е ставот на Груби по прашањата за мислење за купувањето на деловниот објект „Соравија“ од страна на внукот на ДУИ, Али Ахмети, како и по ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

„ДУИ ја прифати целата политика на санкционирање, ја почитуваме одлуката на САД и согласно тоа се донесоа одлуките за членството на Мерко, а и тој излезе во јавност дека ќе соработува со сите институции во земјата“, наведе Груби.

Како коментар за „огнената“ група на ДУИ, Груби рече дека тие се тотално неважни и дека никој повеќе не се занимава со нив.

Поврзани новости