Грција нема да ги екстрадира турските војници во Турција

by fokus

Врховниот суд на Грција донесе одлука осумте турски војници да не ги екстрадира во Турција. Војниците во јули минатата година, по неуспешниот обид за пуч во Турција, со хеликоптер пристигнаа во грчкиот град Александруполи.

Врховниот суд го одби барањето на Турција и ги уважи аргументите на турските војници дека во нивната родна земја нема да имаат фер судење, ќе бидат изложени на тортура, а можно е да бидат и убиени.

-Дојдовме во Грција, бидејќи во Грција ќе имаше независно судење, почитување на човековите права и ќе можевме да добиеме фер судење во земја членка на ЕУ, напишаа војниците во писмо до грчките медиуми.

Поврзани новости