Грција најавува отворање на границите на 15 јуни

by Frosina Fakova

Туризмот ќе се отвори, во првата фаза за земји со иста епидемиолошка слика со Грција и без задолжителен тест за посетителите, најавува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

-Ќе започнеме постепено да отвораме од 15 јуни. Од 1 јули ќе почнат и директните летови на нашите острови. Но, сакам да размислите, дека се обидуваме да предвидиме што ќе се случи за пет седмици. Оваа седмица, од направени 1.300 тестови по случаен избор, на пристигнувања од странство, немавме ниту еден позитивен случај. И бидејќи пандемијата се намалува во сите европски земји, во овој момент е во пораст во Америка и во Латинска Америка, оптимисти сме дека ќе можеме да го отвориме туризмот, во првата фаза за земји кои имаат исти епидемиолошки податоци со нас со правење на тестови по случаен избор и да не биде потребно да ги тестираме сите кои доаѓаат во Грција, вели Мицотакис, јавува МИА.

Поврзани новости