431
Над еден милион македонски туристи во текот на 2018 ја посетиле Грција, од кои јужниот сосед остварил приходи од 155 милиони евра, покажуваат статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција, објави МИА.
Поточно, во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017.Но, доколку се направи споредба во последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава. Така, од 2015 до 2018, за два и пол пати е намален нивниот број.
2015 година – 3.023.100 туристи
2016 година – 1.721.100 туристи
2017 година – 1.571.500 туристи
2018 година – 1.187.200 туристи.