Димитриевски: Мора да има одговорност за бегството на Груевски за да не се повторуваат вакви појави

by Фокус

Во последните 5 години има два безбедносни феномени – Диво Насеље и 27 април, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во интервју за МИА, додавајќи дека сценаристите на двата случаи се уште не се изведени пред лицето на правдата.

-Системот е порозен, со самиот процес на бегството на Никола Грувески од државата и неподнесување минимум индивидуална или каква било колективна одговорност по хоризонатала и вертикала во безбедносниот и правниот систем, само се остава простор, ваквите појави дополнително да се повторуваат – вели Димитриевски.

Како еден од поранешните пратеници на СДСМ кои беа нападнати при упадот во парламентот пред две години, тој истакнува дека правосудните органи треба да се произнесат до крај.

-Во таа голгота што траеше неполни три часа се покажаа храбри дури и на моменти свесни да се саможртвуваат за одредени идеали. Она што се случува отпосле и грешките што се прават од страна на сите нас како носители на одговорности се составен дел на секојдневната работа и механизамот на корекцијата, а тоа е народот, мора да функционира – вели кумановскиот градоначалник.

Според него, одговорноста на тие кои го осмислија и менаџираа самиот настан е многу поголема отколку одговорноста на оние кои беа внатре и се обида физички да повредат.

Поврзани новости