Грција гради доверба и со Турција, втор круг средби меѓу двете делегации

by fokus

Во конструктивна клима во Анкара заврши вториот круг средби во рамки на мерките за градење доверба меѓу претставниците на Грција и Турција, соопштија од грчкото Министерство за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Разговорите на двете делегации се фокусирале на активностите во рамки на мерките за градење доверба на техничко ниво „за превенција и избегнување неоправдани жаришта на тензија за време на одржувањето на воени активности”.

Шефовите на грчката делегација во рамки на протоколарната посета биле примени од министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар.

Поврзани новости