321
Грчкото министерство за надворешни работи со остра критика одговори на нападите и обвинувањата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека грчката влада слабо соработува со македонската околу бегалската криза.
„Грчката влада не е надлежна дa му обезбедува потребни информации на претседателот на БЈРМ. Секако, не сноси одговорност што тој е неинформиран за состојбата во која се наоѓаат односите меѓу двете држави“, се наведува во соопштението до грчкото МНР.
Инаку, во вчерашното интервју во „Вима“ Иванов на повеќе наврати ја обвини Грција дека соработката со Македонија околу бегалската криза не е на задоволително ниво и проговори остро за начинот на кој Грција ги чува границите.