Гром удри во авионот на Дачиќ: Никој не ни може ништо

by Fokus

Големо невреме ги зафати Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а за малку ќе беше фатално за српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Тој летал со авион, кога над Љубљана гром удрил во леталото, околу 22.50 часот.

Громот предизвикал голема паника, но за среќа, инцидентот поминал без тешки последици. Пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија, а Дачиќ го продолжил своето патување денеска.

– Се слушна мала експлозија, видовме блесок. Но, не ни може никој ништо – рекол тој за „Курир.рс“.

Ова не е првпат министерот да доживее ваква непријатност. Кон крајот на мај, авионот во кој се наоѓал Дачиќ се расипал и морал итно да слета во Атина.

 

Поврзани новости