392
Вицепремиерката за борба против корупцијата, Славица Грковска денеска одоварајќи на новинарско прашање рече дека однесувањето на вицепремиерот Артан Груби со играње фудбал во канцеларија не начин на кој функционерите треба да се однесуваат.
– Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, рече Грковска.
Таа додаде дека функционионерите треба повеќе да внимаваат како се однесуваат.