Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини

by fokus

Вицепремиерката за борба против корупцијата, Славица Грковска денеска рече дека врз основа на документација од ДКСК изрекла опомени за Артан Груби, а и за Бујар Османи и Насер Нуредини поради користење службени возила за партиски цели.

-Досега сме се покажале дека не влијае врз нас тоа за кого станува збор, не е во ред да се повторува истата работа за која претходно сте биле опоменати, вели Грковска.

Одговарајќи на прашање, таа истакна дека се надева дека со деталите за судирот на интереси за фирмата на братот на Груби која добила финансиски средства од Владата, ДКСК ќе покрене постапка.

Поврзани новости