Грковска добивала „добронамерни укажувања“

by fokus

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска потврдува дека се соочува со одредени притисоци откако поинтензивно започнаа активностите на нејзиниот Кабинет за справување со корупцијата, јавното опоменување на одредени функционери и ставањето високо на агендата на прашањето за малата доверба во правосудството и состојбите таму.

Грковска, сепак, вели дека воопшто не ја загрижуваат ниту, пак, допираат до неа таквите „добронамерни укажувања“ и дека ќе продолжи да ја врши својата работа.

– Да ви кажам имало се во изминативе десетина месеци. Од се по нешто и се уште има, меѓутоа јас сум долго во политиката и знам вакви активности што се можат да предизвикаат и тоа не е нешто ново, ако можам така да се изразам.

Мене не ме загрижуваат ниту пак допираат до мене таквите „добронамерни укажувања“ затоа што сметам дека се додека сум тука треба да си ја вршам обврската за која што сум се нафатила, професионално, одговорно, онака како што е најдобро за сите.

Мислам дека за сите овие месеци сите сфатија дека сите такви „добронамерни укажувања“ немаат никакво влијание ниту на активностите на Кабинетот, ниту пак на моите изјави во јавност, истакнува Грковска во интервјуто за МИА.

Поврзани новости