Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота до македонското МНР

by fokus

Министерството за надворешни работи на Грција, попладнево ја испрати Вербалната нота до македонското МНР, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во неделата, во интервјуто за АНА-МПА најави дека Нотата ќе биде испратена во понеделник, но откако тоа не се случи вчера, како што претходно објави МИА, грчки извори претпладнево брифираа дека Атина во текот на денешниот ден, до вечер, ќе го извести Скопје дека ги заврши обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно дека ги ратификуваше и договорот и Протоколот за членство во НАТО.

Поврзани новости