Грчките здравствени работници може да се вратат на работа само ако се вакцинираат

by Fokus

Министерството за здравство на Грција, со амандман, им дава можност на невакцинираните здравствени работници регуларно да се вратат на работа доколку ја примат првата доза и со предуслов да ја завршат имунизацијата, наспроти досегашната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и веќе добиено решение за принуден неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот министер за здравство на Грција Танос Плеврис, соопштувајќи ја одлуката рече дека задолжителната вакцинација за вработените во националниот здравствен систем „беше воведена со цел да се придонесе за заштита на јавното здравје“, но бидејќи немаат намера да казнуваат, го доставуваат конкретниот амандман.

Во средата стапи во сила одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор.

Вчера, Федерација на вработени во државните болници, одржа мирни протести во Солун и Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Поврзани новости