Грчките затвори меѓу најозогласените во Европа, во какви услови ќе лежат притвор Грујевски и Бошковски?

by fokus

Малтретирање врз затворениците, пренатрупаност, недостаток од медицинска грижа, хроничен недостиг на персонал, се дел од забелешките на Советот на Европа за затворите во Грција во својот извештај објавен минатата година. Грчките затвори се меѓу најозогласените во Европа поради нечовечните услови и однесувањето на затворската полиција.

Екс разузнавачите, Горан Грујевски и Никола Бошковски, следните недели ќе ги поминат во притвор во Грција бидејќи нивното судење за лажни пасоши е одложено за 1-ви декември. Какви услови ги очекуваат?

Во извештајот на Советот на Европа посебен дел е посветен на притворот. Експертите од Комитетот за спречување на мачењата забележуваат мноштво случаи на полициско насилство во притвор. Нотираат дека проблеми има и со односот кон странците со нерегулиран статус. Според европските експерти, тие често се третираат како осомничени во кривични дела.

Советот на Европа упати остри критики кон Грција затоа што состојбата се влошила во споредба со претходната година. Од таму посочуваат дека ситуацијата во затворите станала критична.

„Ситуацијата се влошила до таков степен што веќе не станува збор за нарушување на член 3 од Европската конвенција на правата на човекот, што забранува нечовечко и понижувачко поведение, туку за „нарушување на правото на живот“, се наведува во извештајот.

Комитетот за спречување на мачењата на остри критики ја подложи и грчката полиција. Властите треба да го признаат проблемот со малтретирањето од страна на полицијата и да преземат мерки, на пример, систем за аудио и видео снимање на распитите, препорачуваат експертите.

Поврзани новости