Милошоски ги искара ОБСЕ и МВР за премолчување на изборни нерегуларности

by fokus

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека ОБСЕ и ОДИХР треба посериозно да се ангажираат и да ги забележат наводните изборни нерегуларности.

-Ние сметаме дека ОБСЕ и ОДИХР мора поактивно да вложат напори и да бидат вистински набљудувачи и да ги осудат сите вакви појави на закани, изборна корупција и на изборен инженеринг. Во Македонија се случува изборно недемократско однесување на голем дел од активистите од СДСМ на голем дел од државните институции што им служат како покритие, а крајната цел на сето ова е креирање на една нова реалност во која што полесно или без поголеми забелешки ќе се протуркаат одредени решенија кои се штетни за Македонија и македонскиот народ на кои што господинот Заев претходно веќе се обврзал, рече Милошоски.

Тој обвини дека немало општина која што влегла во вториот круг на гласање, а да не се следени активистите на ВМРО-ДПМНЕ на Коалицијата „За подобра Македонија“, кандидатите за градоначалници или нивни соработници, или претседатели на општински комитети.

-На денот на избори во недела кандидатот и претседател на ОО на СДС биле пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта била да се испровоцира инцидент, создавана е тензија, испратени се навреди, провокации, нашите активисти пријавиле во полицијата, но нема никаква интервенција се уште. Присебноста на дел од луѓето овозможило она што се случувало во Росоман, акцијата за предизвикување на инцидент пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ да не прерасне во поголем конфликт, изјави Милошоски.

Поврзани новости