ВМРО-ДПМНЕ го обвини Бочварски дека краде нивни мерки

by fokus 17:52
17:52

Кандидатот на СДС, Благој Бочварски, денеска го допре дното соопштувајќи мерка што е предвидена во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска опозициската партија.

-Бочварски бесрамно ја копира мерката за млади брачни парови на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, за жал, нецелосно ја прочитал програмата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во нашата програма се предвидува: цена од 1 евро за 1 метар квадратен за еден млад брачен пар за градежна парцела во секоја општина каде што градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа младиот брачен пар заштедува од 20 до 50 евра по метар квадратен зависно во која општина живее. Имено, една парцела во нормални услови чини од 6.000 до 15.000 евра, а преку проектот на ВМРО-ДПМНЕ парцелата младите брачни парови ќе може да ја купат за само 300 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

 

Поврзани новости