Грчките медиуми прогнозираат дека Република Северна Македонија е фаворит во преговорите

by fokus

Не излезе бел чад од дводневните преговори во Њујорк, разговорите продолжуваат меѓу двајцата министри во Брисел, е најчестиот коментар во грчките медиуми за новата рунда преговори.

Во извештаите на новинарите во Грција, пренесена е изјавата на Метју Нимиц, споменуваат дека ново име не се нашло на преговарачката маса, туку се разговара врз основа на веќе доставениот пакет предлози од медијаторот, а како предлог што е во предност пред другите, повикувајќи се на свои, непотврдени извори, дел од медиумите го споменуваат името „Република Северна Македонија“.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, новинарите го анализираа исходот од дводневните разговори во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ни денес не излезе бел чад од преговорите во Њујорк, бидејќи двајцата министри ги завршија двете средби без да стигнат до ново име, објави телевизијата „Скај“ и повикувајќи се на извори блиски до преговорите, додава дека во овој момент на маса се сите четири имиња од предлогот на Нимиц, а „Скопје е повикано да го направи крајниот избор, додека пак за Грција црвена линија е ерга омнес“.

– Се чини дека двете страни се решени да исцрпат секаква можност за да постои решение, коментира новинарот од грчката државната телевизија „ЕРТ“ и додава дека доколку се направи напредок кон решение, тогаш двајцата премиери ќе се сретнат на средината на јуни во Преспа за да го потпишат договорот, но ваква средба ќе има само доколку постои решение.

Искусниот новинар од „ЕРТ“ вели дека секоја промена околу името што се прави на преговарачката маса, „значи и менување на целата рамка на разговори што се однесува на кратенките, на националноста, како ќе се ратификува ега омнес, дали ќе може да помине во Уставот и сл“.

Поврзани новости