369
За денеска во 11 часот анархистите и левичарите од Солун најавуваат дека заедно со бегалците ќе тргнат кон македонско-грчката граница за продолжување на патот на мигрантите по балканската рута.
Грчките анархисти и левичари имаат помош и од неколку невладини организации од Франција, Италија и Германија, чии волонтери се во кампот кај Идомени кои ги повикуваат бегалците на уште еден марш за илегално преминување на границата со Македонија.
Грчките медиуми пишуваа дека претставниците на овие невладини организации им делат брошури на бегалците каде можат да ја преминат македонската граница, а им лиферуваат и информации дека денеска границата ќе била отворена.