Спасовски негира дека имало полициска акција во Арачиново

by Фокус 21:16
21:16

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска при посетата на полициската станица во Матејче оджа пресконференција по повод вчерашните случувања во скопско – кумановскиот регион каде имаше зголемено присуство на полицијата, како и специјалци со хермелини и хеликоптери кои го надлетуваа ова подрачје.

-Синоќа немаше никаква акција, имавме само како што ви кажав,  зголемено присуство на овој регион, на овој терен, во светло на она што го говорев – кризата која што ја имаме и проценката дека треба во кумановско – скопскиот регион да извршиме поголем надзор и да можеме да ја гарантираме безбедноста кај граѓаните, рече Спасовски.

- Advertising -

Министерот упати порака до граѓаните да не се плашат и дека последната активност на полицијата била со цел да се обезбеди безбедност на граѓаните и стабилност во скопско – кумановскиот регион кој важи за кризен регион и траса преку која се криумчарат мигранти.

Поврзани новости