Општина Аеродром го повлекува спорниот детален нацрт-план

by Фокус 10:31
10:31

Општина Аеродром денеска соопшти дека засега го повлекува деталниот нацрт-план за населбата Осторово, за кој изминатиов период жителителите на Аеродром се бунеа, бидејќи не сакаа да дозволат уништување на зеленилото.

-Причина за прекинот е што планерската куќа при уредувањето на просторот не водела сметка за пристапот до Г.П. 21 и Г.П. 22 преку секундарна улична мрежа. Планот се повлекува на доработка, се вели во сооштението од општина Аеродром.

Повлекувањето на планот следува откако жителите на општината реагираа на уништување на зеленилото и бараа образложение  и подетална анализа како (со измените на ДУП-от) предвидените згради би влијаеле врз загадувањето, дали се работи за одговорно и хумано планирање, дали би се создал дополнителен сообраќаен хаос.

- Advertising -

Поврзани новости