Грчкиот претседател рече дека Македонија е грчка и ја обвини за кршење на европските принципи

by fokus

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос уште еднаш ја обвини Македонија за ирендентизам и потсети дека интеграцијата на Македонија во Европската унија зависи од Грција.

-Македонија била, е и ќе остане грчка. Ние јасно кажавме дека сакаме добрососедски односи и пријателство. Но, тоа оди преку почитување на историјата и на европските институции, рече Павлопулос и им порача на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи.

Тој ова го изјави од Воден, каде што на свечена церемонија по повод ослободувањето на градот од Турците и беше прогласен за почесен граѓанин.

Поврзани новости