Судијката Нашата Габер – Дамјановска со песна го поздрави министерот Никола Попоски ВИДЕО

by fokus 12:32
12:32

Додека министерот за надворешни работи  Никола Попоски, вчера во интервју на Алсат М се обидуваше да  ја убеди јавноста во транспарентаната постапка за избор на македонски судија во Судот за човекови права во Стразбур, упорно игнорираќи го новинарското прашање дали новоизбраниот судија Јован Илиевски доставил сертификат за познавање јазици (англсики и француски) што беше услов во конкурсот на МНР, речиси истовремено на Фејсбук профилот на уставната судијка Наташа Габер Дамјановска беше постирано видео со песната „Лажеш злато, лажеш  душо“ на легендарната „Бјело дугме“.

„Никогаш досега Македонија немала толку конкурентна и транспарентна постапка за избор на судија во Судот за човекови права во Стразбур, повтори неколку пати  Попоски.

- Advertisements -

Поврзани новости