Грчкиот град Козани во седумдневен строг карантин

by fokus

Во грчкиот град Козани во северниот дел на земјата, од утре наутро се воведуваат построги мерки за заштита од дополнително ширење на корона виурсот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките, што попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се идентични како и оние кои денеска стапија во сила во три атински општини.

Полицискиот час ќе биде од 18 часот до 5 часот наутро, ќе се затвораат сите продавници за малопродажба што беа отворени за услугата „click away“, како и фризерските салони и берберниците, салоните за маникир и педикир, пазарите, книжарниците, се забранети секаков вид на религиозни ритуали, ќе се спроведуваат тестирања со брзи тестови, но ќе се прават и масовни ПЦР тест на вработените во компаниите во конкретните населби.

Паралелно, на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, беше презентирана платформа за бесплатно тестирање на граѓаните за Ковид-19, а целта е дневно да се прават по 12.000 брзи тестови.

Платформата ќе биде достапна од понеделник, додека првите регистрирани граѓани ќе се тестираат една седмица подоцна.

Поврзани новости